1.
Во длабочината на срцето,
Посакувам спокој,
Мирна песна, бакнеж,
Добра ноќ, љубов…
2.
Чекорам кон бескрај,
Во пат без поврат,
Барам туѓи лица,
И без спокој ќе живеам до крај.
3.
Минатото болка создава,
Иднината носи горчина,
Сегашноста ме тера да заспијам
Зашто мојот живот е прашина.
...постојам, а духовно умирам...
4.
Како сон од кој нема никогаш да се разбудам,
Како брза река меѓу суви гранки,
Како плач за неповратното,
Желба за невозможното,
Како сенка на сонцето,
Спомен на иднината.
Како музика во недела навечер
Кога го компонирам моето молчење,
Полноќен концерт во тишина,
Како реченица без зборови,
Живот без крај, небо без облаци...
Како вечна пролет,
Постоење без прашања,
Како срце без солзи, грев во рајот
ТАКА ЈАС БЕЗ СЕБЕ...
Ја сакам слободата
Како птицата морето,
Како сонот перницата
Како крајот почетокот!
5.
Дете што се гледа во огледало,
Пее песна без мир,
Ја сака музиката, колку и животот
Сака да се смее, а тажно е,
Држи кукла, а сака да порасне.
Сенки во огледало,
Сон без спокој немирен,
Стои вкочанета,
Мислејки на минатото,
А солзите течат и течат повторно!
6.
Jas sum senka vo nokta.
Koja bara razlicni oblici na svetlina,
Onamu kade sto mrakot e edinstven gospodar.
Jas sum vozvisen privid
Na nepoznatoto i lazno svedostvo
Koe na onie koi ziveat vo temnina
Im nudi zrak spokojstvo.
Jas sum son koj prodava iliuzii
Na smrtnici osiromaseni so kopnez.
Jas sum vrisok,
Koj gi budi najnevinite detski dusicki
Zemajki im kapka mir.
Jas sum samo izguben talkac vo nokta,
Koj cela svoja sreka ja dal na bespomosnite.
Talkac koj opstojuva za nokta I mesecinata
Koja I dava sila da postoi i da se nadeva
Deka zvukot na teskoto disenje vo nokta
Naskoro ke prestane...
7.
Mracen pogled sokriva
Edno misticno i tesko minato.
Patuvanje vo idnina
I kopnez za poubav pocetok
Prepoznavam vo nejzinata nasmevka.
Patista, kraevi, padovi,
Isprepleteni sonovi, silen kopnez
I nemir vo dusata
Se obelezje na nejzinata minata borba
So samata sebe...
8.
Boli pogledot sto prodira niz srceto,
Zosto vistinskata ljubov
Go para i najzaledenoto srce.
Toj nemase srce
I zatoa go unisti nejzinoto.
A taa mirno ja prifati sudbinata
Dozvoluvajki mu da pobedi!
No comments:
Post a Comment