Кога имав 16 години имав смешна фризура,изгубен поглед. Имав желба да пишувам, а полека го откривав и вкусот на алкохолот. Имав добри другарки, брат со кој почнав да комуницирам подобро, татко кој сам по себе беше изгубен и неможеше да се соочи и школо кое ме расположување.Имав и симпатии кои не ме приметуваа зошто во мојот затворен круг немаше место за нови луѓе. Ги имав песните на Тоше кои ми ја параа душата, ме тераа да плачам и да се смеам во исто време. Го имав точакот и гробот на мајка ми кој го посетував секогаш кога се чувствував осамено. Ја имав болката од загубата, ги имав ноќите на кои им поставував прашања, го имав небото. Гледав накај него и се тешев.Верував дека таму е мама и во мислите ја бакнував.
Кога имав 17 години почнав повеќе да излегувам, пиев многу, се опивав пречесто. Ги имав другарките со кои излегував до прекасно и со кои се смеев до солзи. Ја имав Србија, подршката од тета и одморот кај неа. Ја имав тетка Радица која ме осипуваше со позитивнна енергија, радиото каде што уживав и Лира каде што јадев најубава пита. Да, ги имав и солзите, но плачев поретко. Пак имав симпатија која не ме приметуваше и бев симпатија на некои кои јас не ги приметував. Го имав Црвен Крст кој го сакав и ме исполнуваше. Ја видов Будимпешта.
Кога имав 18 години веќе пиев премногу, останував надвор до многу касно и се глупирав. Се тешев со *тоа ке ни остане*. Сонував за њубов, насмевка, прегратка. татко ми губејки ја надежта дека може некако да се постави, почна цело време да излегува. Со брат ми се гледав ретко. Баба ми се нервираше за татко ми и нас не ни обрнуваше внимание! Славев матура. Поминав супер!
Од некаде се појави Даре. Он стана љубовта која ја барав и потпората која ми беше потребна. Го немав веќе школото. Имав факултет а измеѓу незаборавно лето. аха, имав уште пијани моменти ама почнав да созревам. запознав нови пријатели, дознав каде е Радовиш, Македонска Каменица, Ранковци. Вевчани знаев каде е!
Тие луѓе станаа мое секојдневие. старите другарки ги сакав се повеќе. Го изгубив Тоше.. Чувствував болка. Ја изгубив тетка Радица.. Тоа ме дотепа!
На 19 години пак го имав истото, со тоа што татко ми повеќе седеше дома, а брат ми ми стана уште поблизок. Даре беше до мене. Многу ретко се опивав и многу рано се прибирав дома.
Научив да бакнувам нежно а да водам љубов страсно. Научив да уживам во своето тело и да го истражувам туѓото. научив да ги почитувам туѓите желби и потреби, да зборувам отворено, да се смеам искрено.
Денес, имам 20 години и многу нови предизвици. Го имам, фала Богу Даре, кој го сакам и ми треба. Имам најдобри другарки, кои се помалку од порано, но кои ги сакам повеќе од било кога. Имам способност да распознаам лицимерие, но веќе не се замарам со непотребни работи.
Имам брат за кого живот би дала, имам пред мене голема шанса и голема животна болка. Имам борба за живот! Пишувам ретко и тоа ми фали! Имам насмевка и отворени рани кои уште печат! Не пијам скоро воопшто и се опивам од 1 коктел.
Имам баба и дедо кои црпат енергија од мене и брат ми.
Да, имам изгубено многу, но имам добиено повеќе. Денес дишам со полни гради, и се смеам само искрено!
ја немам тетка Радица, го немам радиото, ни Лира. Да, физички многу ми недостасува, но психички не.. Го чувствувам нејзиното присуство во секоја прочитана книга и секоја паметна мисла.
И да, најмногу ми фали мајка ми.. Во секој погелед.. Но, тоа е животот претпоставувам. Борба за созревање и за одење понатаму. А ЈАС СОЗРЕАВ!
No comments:
Post a Comment